Мурињо дава 100 милиони фунти за Рафаел Варан

Англискиот премиерлигаш Манчестер јунајтед ќе пазари големо име во зимскиот преоден рок. Менаџерот Жозе Мурињо долго време има проблеми со одбраната, не успеа да купи нов елитен дефанзивец пред почетокот на сезоната и ќе се обиде тоа да го надополни во јануари. Тој посакува одбранбениот фудбалер на Реал Мадрид, Рафаел Варан, да пристигне на „Олд Трафорд“, а за тоа е подготвен да плати дури 100 милиони фунти.

Јунајтед во десетте натпревари од Премиер – лигата прими 17 гола, што секако е недозволиво за тим кој има амбиции за самиот врв на табелата. Мурињо не може да пронајде ’лек’ за последниот бедем пред голот на Давид де Хеа, а не успеа да го купи ниту Хери Мегваер од Лестер. Рафаел Варан е поскапа варијанта, но секако и поквалитетна, а тоа добро го знае Жозе Мурињо.

Се вчитува...