Мурињо до Гвардиола и Лампард: Ако ви е страв да играте, седете си дома и гледајте Бундес-лига

Жозе Мурињо не се согласува со колегите менаџери од Премиер-лигата дека треба да има грижи околу рестартот на фудбалската сезона во Англија. Со него на иста линија се и Јирген Клоп и Карло Анчелоти.

На состанокот на Асоцијацијата на менаџери на 20-те премиерлигашки клуба, Мурињо толку жестоко го бранел ставот за продолжување на првенството што на колегите коо имале дилеми им проачал дека „ако им е страв, треба да си седат дома и да гледаат Бундес-лига“. Меѓу оние кои стравуваат од продолжението на сеозната се и Пеп Гвардиола и Френк Лампард.

За разлика од Бундес-лигата која донесе дефинитивна одлука и почнува претстојниов викенд, во Премиер-лигата и натаму има неизвесност околу „Проектот Рестарт“ и според последните информации датумот 12. јуни кој беше предвиден за продолжување на сеозната се поместува за една седмица односно за 19. јуни.

 

Се вчитува...