Мурињо го „отпиша“ Камавинга, а тој оди на „Олд Трафорд“

Францускиот фудбалер од средниот ред и член на Реал Мадрид, Едуардо Камавинга, би можел следната сезона да биде дел од Манчестер Јунајтед.

Според најавите од Шпанија, Жозе Мурињо не смета на него за следната сезона, па Французинот би можел експресно да се пресели на „Олд Трафорд“, од каде има интерес.

Јасно е дека Манчестер Јунајтед треба да го засили средниот ред, по заминувањето на Каземиро, и изборот наводно паднал на Камавинга. На „Црвените ѓаволи“ им оди во прилог фактот и што Реал Мадрид се повеќе не смета на неговите услуги, и тоа ја олеснува позицијата на преговори на Манчестер.

Се вчитува...