Мурињо го посакува Милик во Тотенхем

Менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо, и понатаму е во потрага по напаѓач кој би ја засилил конкуренцијата во навалната линија на тимот од Лондон. Португалскиот стратег стравува дека при евентуална повреда на Хари Кејн повторно би останал без вистинска опција во нападот. Тому затоа и се обидува да го донесе уште еден квалитетен голгетер до крајот на летниот преоден рок.

Аркадиуш Милик, полскиот интернационалец кој е пред разделба со Наполи е желбата на Мурињо. За него интерес покажуваат и италијанските калчолигаши Јувентус и Рома, но Мурињо се надева дека привлечноста на Премиер – лигата би можела да биде пресуден фактор за Милик да пристигне во редовите на Тотенхем. За него „спарс“ се подготвени да платат 30 милиони фунти.

Се вчитува...