Мурињо го прокоментира изборот на Клоп за најдобар тренер: Кутриот Флик…

Јирген Клоп го доби признанието за најдобар тренер во светот за 2020 година од ФИФА, избор кој наиде на бројни коментари во фудбалските кругови.

И самиот Клоп беше изненаден од признанието. А, без коментар не остана и Жозе Мурињо.

„Не разбирам како Флик не ја доби наградата. Со Баерн освои ‘само’ првенство, германски куп, европски суперкуп и германски суперкуп. Кутриот Флик. Единствена шанса да добие признание му беше да измислат уште две натпреварувања па повторно да ги освои Баерн. Тогаш Флик и можеби ќе се надеваше на награда“ – вели иронично Мурињо.

Се вчитува...