Мурињо го сака Диего Годин во Тотенхем

Менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо, би сакал да го доведе во тимот дефанзивецот на Интер, Диего Годин. Според италијанскиот весник „Тутопорт“, Мурињо го „лови“ Годин уште од периодот кога беше на клупата на Манчестер Јунајтед, но фудбалерот сепак се реши да замине во Интер.

Диего Годин девет сезони го носеше дресот на Атлетико Мадрид, од 2010 до 2019 година, а летото 2019 година му се приклучи на Интер како слободен играч. Сепак, не го доби очекуваниот статус кај Антонио Конте и сака да си замине.

Во моментот Диего Годин е во родниот Уругвај поради прекинот на шампионатот во Серија А, а со Интер има договор до јуни 2022 година.

Се вчитува...