Мурињо го тераше да трча во парк, се налути и побара трансфер

Жозе Мурињо до пред некоја година беше омилен меѓу фудбалерите во сите клубови во кои работеше, но „специјалниот“ се соочува со сериозен проблем во Тотенхем. Поради „војната“ со Дени Роуз тој во јануарскиот рпеоден рок го продаде искусниот лев бек, а сега најверојатно ќе мора истото да го стори и со најскапото засилување во клупскта историја, Танги Ндомбеле.

Поранешниот фудбалер на Лион е разочаран од односот што го има со Мурињо, тој беше жестоко критикуван од Португалецот пред прекинот на сезоната. Згора на тоа, Ндомбеле е бесен што токму тој бил изран од страна на стратегот за утринскиот тренинг во парк во Лондон заедно со Сесењон и со Санчез, поради што и тројцата фудбалери беа критикувани од јавноста заедно со португалскиот стратег.

Ндомбеле го исполнил барањето на тренерот, но веднаш потоа и побарал од неговиот агент да поднесе барање за трансфер. Јасно е дека Мурињо ќе остане на чело на „спарси“ и следната сезона, а на Ндомбеле му е јасно дека нема да има значајна улога кај овој стратег, па сака што поскоро да си го осигураа излезот од клубот.

Останува да се види дали Тотенхем ќе успее да си ја врати инвестицијата од 60 милиони фунти или ќе мора да прифати загуба, за потоа парите да ги искористи за доведување на нов фудбалер по вкусот на Мурињо.

Се вчитува...