Мурињо го враќа Фелаини во Премиер – лигата

Менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо, сака повторно да обнови соработка со Маруан Фелаини, белгискиот интернационалец со кој имаше одлични релации додека беше на клупата на Манчестер Јунајтед. Тој во февруари го напушти „Олд Трафорд“ и замина во Кина каде го носи дресот на Шандонг Луненг, а има договор до крајот на 2021 година.

Фелаини на 32 натпревари за Шендонг постигна 12 гола и беше еден од најдобрите играчи на тимот кој зарши на петтата позиција во шампионатот на Кина. Следната сезона стартува на почетокот на март, а Мурињо се надева дека може да го доведе на позајмица во Тотенхем во празниот период од кинеското првенство.

 

Се вчитува...