Мурињо: Сон даде гол како Роналдо пред 23 години

Хеунг Мин Сон постигна неверојатен погодок за Тотенхем против Барнли откако ја зеде топката на работ од својот шеснаесетник, претрча околу 80 метри и ја смести во мрежата, притоа минувајќи неколку противнички дефанзивци.

Сакав да го проиграм Деле Али, но беше затворен. Затоа решив да трчам и да тргнам сам, не очекував дека ќе стигнам до голот“ – скромно изјави корејскиот ас.

Затоа пак воодушевувањето од голот на својот фудбалер не го криеше Жозе Мурињо, кој ремек-делото на Сон го спореди со она на Роналдо на дуелот Барселона – Компостела во далечната 1996 година.

„Син ми го секако го вика Соналдо, но тој денеска беше Соналдо Назарио. Ваков гол немам видено откако ја имав честа да седам крај Боби Робсон и да уживам во слична мајсторија на Бразилецот Роналдо“ – истакна Мурињо.

Погледнете го голот на Сон против Барнли, но и оној на Роналдо со Компостела.

Се вчитува...