Мурињо и Рома во финишот се спасија од срам против Салернитана (ВИДЕО)

Фудбалерите на Рома успеаја по пресврт да победат со 2-1 на домашен терен против „фенерџијата“ Салернитана во натпревар од 32. коло во италијанската Серија А.

Гостите поведоа со 0-1 со прекрасниот погодок на Радовановиќ уште во 22. минута. Салернитана успешно одговараше на притисокот на домаќините се до 82. минута кога Перез израмни на 1-1, а конечните 2-1 ги постави Крис Смолинг три минути подоцна.

 

 

 

 

Се вчитува...