Мурињо и тројца фудбалери имаа тренинг во јавност, полицијата покрена постапка (ФОТО)

Жозе Мурињо и тројца фудбалери на Тотенхем ги прекршија правилата за изолација за време на пандемијата од коронавирусот, пренесува „Гардијан“. Мурињо организирал тренинг во паркот во Лондон со Ндомбела, Давинсон Санчез и со Рајан Сесењон.

Мурињо и фудбалерите воопшто не се придржувале до препораките од клубот, но прекршувајќи ги и препораките на Владата на Велика Британија, поради што, по објавувањето на фотографиите, и лондонската полиција поведе постапка, па сосема извесно ги очекува казна.

Британската влада неодамна соопшто дека вежбање во парковите е дозволена, но само со лица од исто домаќинство, и најмногу двајца на едно место.

Се вчитува...