Мурињо инсистира на уште еден напаѓач – Прва цел Кристијан Бентеке

Тотенхем не баш најдобро ја стартуваше новата сезона во Премиер-лигата. Тие минатото коло несреќно ремизираа со Њукасл 1-1, а најголем проблем на тимот на Жозе Мурињо беше реализацијата. Хари Кејн е неприкосновен во шпицот на нападот, но Мурињо настојува во клубот до крајот на преодниот рок да се донесе уште еден шпиц.

Како прва цел за португалскиот стратег фудбалерот на Кристал Палас Кристијан Бентеке. Белгискиот интернационалец во клубот од Лондон е од 2016 година каде премина од редовите на Ливерпул. За Кристал Палас во овие четири години запиша 108 настапи на кои постигна 21 гол.

Во летниот трансфер период на „Вајт Харт Лејн“ стигнаа Герет Бејл и Серхио Регулион од Реал Мадрид, како и Доерти од Вулверхемптон и Хојбјерг од Саутемптон.

„Спарси“ претходно беа поврзувани и со Милик од Наполи и Кинг од Борнмут, тие трансфери не се реализираа, па останува да се види дали ќе имаат повеќе среќа со Бентеке.

Се вчитува...