Мурињо ја призна грешката: Мерките мора да се почитуваат, така се спасуваат животи

Жозе Мурињо ја прифати вината за одржаниот тренинг во парк во Лондон во период на коронавирус, за што стратегот на Тотенхем беше жестоко критикуван во изминатите 24 часа. Самото одржување на тренингот со тројца првотимци, Рајан Сесњон, Давинсон Санчез и Тангуј Ндомбеле, значеше прекршување на владините препораки за движење во групи, а Мурињо по согледаната грешка потенцираше дека правилата мора да бидат почитувани од сите.

„Признавам дека моите дејствија не беа во согласност со владиниот протокол. Мораме да бидеме во контакт само со членови на семејствата. Од витално значење е секој од нас да го почитува она што е дадено како совет од властите, да ги поддржиме на тој начин здравствените работници кои се херои и да спасиме животи“, истакна Мурињо.

Португалецот пред десетина дена беше дел од хуманитарна мисија делејќи им пакети со храна на возрасните лица кои не смеат да излегуваат надвор, но со својот последен потег го навлече бесот на британската јавност.

Се вчитува...