Жозе Мурињо одново се спаси од пораз во Серија „А“ откако неговата Рома денеска на домашен терен одигра 2-2. Во меч со многу тензија, и во две различни полувремиња, Рома во вториот дел дојде до израмнување, иако по првиот дел требаше да губи и повеќе од оние 0-2 кои ги имаше Верона.
Барак во 5. минута донесе водство за гостите, а Тамезе во 20. минута зголеми на 0-2. Поништен гол и уште неколку шанси за Верона во финишот на првиот дел, па така Мурињо можеше да бара спас во вториот дел, и успеа да го најде.
Најпрво Волпато намалчи во 65. минута, а тинејџерот Бове во 84. минута постигна убав гол за израмнување.
На крајот поради протести кон судијата, „специјалниот“ доби црвен картон и исклучување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА