Мурињо: Ќе биде тешко да го вратам Манчестер јунајтед на врвот…

Манчестер јунајтед не игра на посакуваното ниво оваа година, иако минатата лето беа доведени неколку звучни засилувања од кои се очекуваше да го подигнат квалитетот на игрите на тимот.

Стратегот на „ѓаволите“, Жозе Мурињо е свесен дека нема да биде лесно да го врати тимот на врвот на европскиот фудбал, каде што беше пред неколку години…

„Во фудбалот не постојат чуда. Кога една екипа има лош период од две, три или четири години, има причина за тоа. Беше јасно дека нема да биде лесно да го вратам Манчестер јунајтед на врвот на европскиот фудбал. За такво нешто е потребно многу работа и труд“ – истакна Мурињо.

Тимот од „Олд трафорд“ на последните пет натпревари, забележа три победи и има две ремија, и се наоѓа на шестата позиција на табелата со 41 бод.

Се вчитува...