Мурињо: Ќе се вратам во Реал кога ќе биде време за тоа

Шпанската јавност по поразот на Реал Мадрид од Пари Сен Жермен од 3-0 во Лигата на шампионите, отворено повикува на смена на Зинедин Зидан.

Наводно во клубот веќе на големо размислуваат за нов тренер, а доколку продолжи лошата игра Зидан сигурно ќе замине од клубот. На големот се шпекулира дека на клупата на „кралевите“ ќе се врати Жозе Мурињо, кој околу неговото враќање на „Сантијаго Бернабе“ е многу внимателен.

„Би сакал се да се смири околу сагата со Зидан. Не сакам да говорам околу враќањето во Реал Мадрид, бидејќи имаат тренер кој не е било кој. Моето враќање ќе се случи кога ќе биде време за тоа“, изјави Мурињо. 

Португалецот го водеше Реал Мадрид во периодот од 2010 до 2013 година, кога освои по една титула во Ла лига, Копа дел реј и Суперкупот на Шпанија.

Се вчитува...