Мурињо: Кејн е незаменлив, но се надевам дека Бејл ќе помогне на нашиот тим

Менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо, очекува Герет Бејл да му помогне на тимот во отсуство на Хари Кејн. Извонредниот напаѓач се повреди на мечот со Ливерпул, па сега е принуден на пауза од неколку недели.

Мурињо кој често го оставаше Герет на клупа, сега бара помош од него, а ова несомнено ќе биде и голема шанса за репрезентативецот на Велс, кој по долго време ќе има прилика да покаже дека формата е минлива, но класта е вечна.

„Не можете да замените некои играчи во тимот. Другата работа е кога ќе ви се случи неколку играчи да бидат повредени истовремено, проблем каков што имавме минатата сезона. Но Хари е Хари “, рече Мурињо.

Новинарите беа заинтересирани дали Бејл може да го надомести отсуството на Кејн.

„Ова е важен момент за него, тој се чувствува подобро и подобро. Кога ќе изгубите играч како Хари, тогаш очекувате другите да се истакнат. Се надевам дека Герет ќе ни помогне. Позицијата на која тој сака да игра е позицијата во која ќе биде на теренот“, заклучи Мурињо.

Тимот на „Спарс“ во моментов е шести на табелата со осум бода помалку од водечкиот Манчестер Сити. Следен предизвик за Жозе и неговите играчи ќе биде Брајтон. Овој натпревар е на програмата во недела од 20:15 часот.

Се вчитува...