Мурињо конечно купи нов напаѓач

Тотенхем конечно договори трансфер на нов офанзивен фудбалер, нешто на што Жозе Мурињо инсистираше веднаш по повредата на Хари Кејн. Во опција беа неколку имиња, но на крајот „спарси“ се решија да го ангажираат Стивен Бергвијн, 22-годишниот напаѓач на ПСВ Ајндховен и на холандската репрезентација.

Преговорите меѓу клубовите почнаа минатата седмица, а дека договорот е блиску се виде викендов, кога Бергвијн не се најде во тимот на ПСВ на дуелот со Твенте, за да не се ризикува со евентуална повреда. Еден ден подоцна, беше постигнат целосен договор, ПСВ ќе заработи 30 милиони евра од трансферот, а Бергвијн во следните 24 часа ќе допатува во Лондон, на лекарски прегледи и потпис на договорот со „спарси“.

Мал „проблем“ во целата ситуација е што Бергвијн е крилен офанзивец, па за очекување е Мурињо да продолжи со формација со Сон како најистурен во навалната линија.

Се вчитува...