Мурињо на чекор до враќање во Ла Лига?

Легендарниот португалски стратег Жозе Мурињо е на чекор од преземање на тренерското место на шпанскиот тим Валенсија, пренесуваат медиумите на Пиринеите. Раководството на тимот од „Месталја“ во Мурињо гледа човек кој може да го врати тимот на славните патеки и да биде конкурентен со двоецот од Мадрид и Барселона во борбата за титулата во домашниот шампионат.

Тој веќе седум месеци е без ангажман откако по слабите резултати во Премиер-лигата доби отказ од Манчестер Јунајтед. Мурињо во Шпанија од 1996 до 2000 година беше помошник во Барселона, а во периодот 2010 до 2013 го водеше Реал Мадрид.

 

Се вчитува...