Мурињо не го премисли – Ериксен си оди од Тотенхем

Атмосферата во таборот на Тотенхем значително се подобри со доаѓањето на Жозе Мурињо, но ниту тоа не го промени ставот на Кристијан Ериксен, кој е решен да си замине од лондонскиот клуб.

Неговиот договор истекува на крајот од сезонава, обидите да се продолжи соработката не го дадоа посакуваниот исход, а ниту Мурињо со својот авторитет не успеа да влијае врз данскиот плејмејкер. Челниците на Тотенхем се надеваа дека со ангажманот на португалскиот стратег ќе успеат да го убедат Ериксен, но данскиот ас одби воопшто да седне на маса за нова рунда преговори.

Ситуацијата е повеќе од јасна, тој сака да си замине од клубот, а на управата на „спарси“ е да донесе одлука дали ќе го продаде во јануари или ќе дозволи тој да остане до јуни и потоа без никаква отштета да си замине од клубот.

Реал Мадрид и Јувентус се главни фаворити во трката за ангажман на Кристијан Ериксен.

Се вчитува...