Мурињо: Не сум лут на фудбалерите, мечот беше лесен за добивање но…

Жозе Мурињо доживеа уште едно разочарување на клупата на Манчестер. По испаѓањето од Бристол сити во купот, „црвените ѓаволи“ останаа без победа во Лестер во последните секунди од мечот (2-2).

Португалецот тврди дека мечот бил прелесен за добивање, но на крајот неговиот тим добил казна за промашувањата.

„Казнети сме за своите грешки во меч кој беше лесен за добивање. На играчите уште на полувремето при 1-1 им реков дека овој меч е лесен за победа. Одработивме добро, но не постигнавме кога мораше“ – вели Мурињо, потенцирајќи дека не е лут на своите играчи.

„Се чуствувам добро, воопшто не сум лут. Фудбалерите знаат дека кога ќе сработат како треба нема за што да се лутиме. Овој пат бевме казнети само поради нашите грешки“ – вели Мурињо.

Јунајтед остана на второто место на табелата зад градскиот ривал Сити со дури 13 бода заостанување.

Се вчитува...