Мурињо нема осет, и 300 милиони фунти му се малку за титула

Жозе Мурињо почна се повеќе да го навлекува бесот на навивачите на Манчестер јунајтед, барајќи нов изговор по секој неуспех на својата екипа. Разочарувачкото реми со Барнли (изборено со гол во судиското продолжение) донесе и нова епизода од сагата на „специјалниот“, кој им порача на фановите дека титулата е недостижна бидејќи ривалите трошеле многу пари, заборавајќи дека тој самиот за неполни две години потроши 300 милиони фунти на нови фудбалери во Манчестер јунајтед.

Ние сме во втора година од изградба на фудбалски тим за кој знаете дека не е најдобар на светот. Гледате што се случува на пазарот, Манчестер сити купува бекови по цена на напаѓачи“ – се пожали Мурињо, кој заборави на богатствата платени за Линделоф и Баи.

Новинарот го потсетил Португалецот дека тој самиот потрошил 300 милиони фунти за нови играчи во Јунајтед, прашувајќи го зошто е толку далеку од врвот.

Триста милиони фунти не се доволни за титула“ – гласел одговорот на Жозе Мурињо.

Навистина е „специјален“, нема што.

Се вчитува...