Мурињо нокаутиран на стартот од новата сезона

Жозе Мурињо доби ладен туш на стартот од новата премиерлигашка сезона откако Тотенхем загуби на домашен терен од Евертон со 0-1. „Спарси“ играа разочарувачки цела ланска сезона и се надеваа на повеќе среќа во новиот шампионат, но денешното издание беше уште еден јасен доказ дека пред Мурињо и избраниците повторно ќе биде тежок период во кој ќе бидат предалеку од врвот на англискиот фудбал.

Пикфорд беше херојот на Евертон во првото полувреме, откако голманот на „карамелите“ одбрани две стопроцентни шанси на домаќините по ударите на Деле Али и на Доерти. Гостите до победа стигнаа благодарение на погодокот на Калверт Луин во 55. минута, кога напаѓачот на Евертон биеше неодбранливо со глава.

Тотенхем се обиде да стори нешто повеќе, но не успеа да стигне ниту до бод. За Евертон на овој натпревар дебитираше Хамес Родригез, кој пред неколку дена потпиша за „карамелите“ од редовите на Реал Мадрид.

Се вчитува...