Мурињо по првиот пораз: Самите загубивме од себе, не од Брага

Жозе Мурињо требаше да ја воскресне Бенфика по слабиот старт на сезоната, но тоа не се случи, овој тим веќе заостанува 10 бода зад Порто во трката за титулата, а синоќа беше поразен од Брага со 1-3 во полуфиналето од Лига-купот на Португалија.

Ова беше прв пораз на Мурињо (по неколкуте неочекувани нерешени средби) како тренер на Бенфика, а „специјалниот“ не ги штедеше своите фудбалери од критики поради слабото издание.

„Однапред да им се извинам на Брага и на тренерот Карлос. Не можам да кажам дека тие заслужија да победат. Морам да кажам дека Бенфика заслужи да загуби. Првото полувреме беше ужасно од толку многу аспекти, толку технички грешки, лоша поставеност…. Неприфатливо е Бенфика да игра на таков начин, дури и против нисколигаш, камоли против ривал како Брага. Во вториот дел заигравме подобро, но штом почнавме да креираме шанси, примивме гол на спротивната страна. Повторно необјасниво. Кога ќе сакаме да направиме пресврт, последното нешто што треба да го правиме се грешки во одбраната“, истакна Мурињо.

Се вчитува...