Мурињо победи, па им се извинуваше на навивачите на Тотенхем

Жозе Мурињо дефинитивно е „специјален“, откако по одличната игра и заслужената победа на Тотенхем на неговото деби на клупата на „спарси“, португалскиот стратег најде причина да им се извини на навивачите на лондонскиот клуб.

Сакам да ја искористам можноста да се извинам на навивачите. Тие аплаудираа, дел од нив сметаа дека требаше да дојдам и да ги поздравам, но не го сторив тоа бидејќи ова беше победа на фудбалерите. Овој тим секогаш ќе биде за фудбалерите, не за тренерот, но благодарен сум што неколку илјади луѓе дојдоа да ни дадат поддршка. Верувам дека си заминаа дома среќни како и сите ние“ – изјави Мурињо.

Триумфот над Вест Хем беше прва гостинска победа за Тотенхем по пауза од десет месеци во Премиер-лигата.

Се вчитува...