Мурињо почна сам да се нуди: Клубови барајте ме сакам да работам

Португалскиот тренер Жозе Мурињо изјави дека се уште е без ангажман, но додаде дека би сакал да преземе клуб во текот на летото. Мурињо пред нешто повеќе од два месеци доби отказ од Рома по слабите резултати во Серија А. Тој беше почесен гостин на трката од шампионатот во Мото ГП за Големата награда на Португалија на патеката Портимао.

Португалскиот стручњак пред почетокот на трката разговараше со новинарите.

„Нула вести за мојата иднина. Немам клуб, слободен сум, но сакам повторно да работам од лето“, изјави Мурињо.

Тој не ја исклучи можноста во текот на летото да преземе клуб од Португалија.

„Никогаш не вели никогаш, особено во фудбалот. Мојот живот е фудбал, можам да работам секаде, немам проблем со тоа“, изјави Мурињо. 

Се вчитува...