Мурињо постави прашање, цела Англија чека одговор

Премиер-лигата се уште тактизира со одлуката дали да се приклучи на УЕФА и да го казни Манчестер Сити и на домашната сцена. Се шпекулира со одземање на бодови за наредната, можеби дури и за оваа сезона, но интересно прашање на оваа тема постави Жозе Мурињо.

„Да бидам искрен, не размислував воопшто за тоа. УЕФА и ФИФА се тие кои размислуваат, анализираат и на крајот казнуваат. Ако веќе навлегуваме во темата, сакам само да прашам, дали тимот што завршил втор во 2018 година. Да или не, би сакал некој да ми одговори“, прокоментира Мурињо.

„Специјалниот“ алудира на сезоната во која Сити беше шампион со рекордни 100 бода, но тој со Јунајтед го освои второто место, па сега би можел на „зелена маса“ да ја добие титулата.

Прашањето дефинитивно е интересно, а цела Англија чека одговор од Премиер-лигата, чии челници ќе треба да се огласат и конечно гласно да проговорат какви санкции се предвидени за прекршувањето на правилата од страна на „граѓаните“.

Се вчитува...