Мурињо повторно ќе пазари од Премиерлигата – овој пат од Арсенал

Жозе Мурињо повторно оди на шопинг на „Островот“, но овој пат во редовите на Арсенал каде е заинтересиран за услугите на Ејнсли Мејтланд-Нилс, потврди доброупатениот Фабрицио Романо.

Португалскиот стратег ќе се обиде да го донесе десниот бек на позајмица до крајот на сезоната со опција за откупување по завршување на истата. Заинтересиран за ваква „зделка“ е и Арсенал, а и самиот Мејтланд-Нилс па останува уште двата тима да ги договорат условите.

Се вчитува...