Мурињо пред доаѓањето во Скопје: Уморен сум од вашите едни и исти прашања…

Не може без својата препознатлива зајадливост со англиските новинари. Менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо на прес-конференција пред заминувањето за Скопје, каде утре го очекува пресметката со Шкендија во 3. квалификациско коло од Лигата на Европа, повторно во коштец со медиумите од Островот.

По речиси едночасовно „испитување“ на Португалецот, следеше ново прашање од страна на англиските медиуми околу статусот на Деле Али во клубот, на што „Специјалниот“ со одговор во негов стил…

„Не сум уморен од Деле Али, уморен сум од вашите едни и исти прашање за него…“ – прокоментира Мурињо.

 

Се вчитува...