Мурињо: Санто е извонреден тренер, Тотенхем направи грешка

Контроверзниот Жозе Мурињо, даде свој коментар за одлуката на челниците на Тотенхем кои го отпуштија неговиот сонародник, Еспиртио Санто и се определија да го ангажираат италијанскиот фудбалски стратег, Антонио Конте.

Португалскиот стручњак истакна дека Санто е извонреден тренер, па потенцираше дека Тотенхем направил грешка со одлуката за негова промена.

„Мислам дека е Конте добар тренер, но, Нуно е избонреден менаџер. Тој за 4-5 години заврши фантастична работа во Вулверхемптон. Тоа не беше една година или неколку месеци. Затоа велам дека Тотенхем сега има добар тренер, но, грешката е направена со промена на имаше Нуно“, изјави Мурињо.

Популарните „петли“ се определија да го отпуштат Португалецот откако направија очаен ефект како во Премиер-лигата така и во меѓународната конкуренција.

Се вчитува...