Мурињо: Се чувствував како Ѓоковиќ кога ќе добие сет со 6-1

Тотенхем вчера го декласираше Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“ со 1-6 во четвртото коло од англиската Премиер-лига. Жозе Мурињо на поранешниот клуб му го нанесе еден од најтешките порази на домашен терен во историјата. Тој направи една мала споредба со првиот рекет во светот Новак Ѓоковиќ велејќи дека на вчерашниот меч се чувствувал како Ноле кога ќе добие сет со 6-1.

„Тоа што го направивме денеска, Новак го прави секој ден. Сепак, на нас тоа не ни беше лесно како на него. Против клуб каков што е Манчестер Јунајтед се случува само еднаш во животот да му дадеш шест гола, неверојатна вечер“, изјави Мурињо. 

Манчестер Јунајтед поведе уште во првата минута, но тоа следуваше дебакл.

Се вчитува...