Мурињо се налути, бара нов напаѓач

Жозе Мурињо станува се повеќе исфрустриран поради слабите партии на Тотенхем, инсистирајќи да му биде донесено уште едно засилување, овојпат за навалната линија на „спарси“. Хари Кејн е единствен класичен голгетер што Мурињо го има на располагање, а во ситуација кога на мечот со Њукасл се повреди и Кореецот Сон, јасно е дека португалскиот стратег ќе има сериозен проблем во наредниот период.

Преговорите со Милик од Наполи не го дадоа посакуваниот резултат, па сега вниманието целосно е насочено кон Џошуа Кинг од Борнмут. Овој тим испадна од Премиер-лигата, веќе продаде неколку стандардни првотимци, а лесно може да се случи до крајот на преодниот рок да си замине и Кинг.

„Јас сметам сериозно на Кинг, но доколку пристигне интересна понуда и фудбалерот сака да си замине, ние нема да му стоиме на патот“, изјави новиот стратег на Борнмут, Џејсон Тиндал.

Почетната понуда на Тотенхем за Кинг ќе изнесува 15 милиони фунти, но јасно е дека Даниел Леви ќе мора да ги забрза преговорите за да ја исполни желбата на Мурињо, со оглед на фактот дека преодниот рок завршува за една седмица.

Се вчитува...