Мурињо: Се променив – порано победував поради себе, а сега поради играчи кои не победуваат

Тренерот на Рома, Жозе Мурињо истакна дека неговиот став е многу променет од минатото, и дека сега сака да победува поради играчи кои ретко победувале, а во минатото тоа го сакал поради себе.

„Се променив како личност кога размислувам дека пред многу години сакав да победувам за себе, а сега поминувам низ момент кога сакам да победувам уште повеќе, но не за себе, туку за играчите, кои никогаш не победиле. Да им помогнам да победуваат“, рече Мурињо.

Тој истакна дека и натаму го следи победнички дух, иако во последно време има пад во кариерата и одамна нема освоено трофеј.

„И натаму имам натпреварувачки дух. Сакам да продолжам да победувам многу, дури повеќе од порано“, изјави португалскиот стручњак.

Во минатото покрај Рома, беше тренер и на Челси, Тотенхем, Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид, Интер и Порто.

Се вчитува...