Мурињо секогаш има што да каже за судиите

Жозе Мурињо продолжи со старите навики за критикување на судиите и по синоќешното дерби меѓу Тотенхем и Манчестер Јунајтед, кое заврши 1-1. „Спарси“ имаа водство во првиот дел, но Јунајтед успеа да израмни со пеналот на Бруно Фернандес, ситуација за која Португалецот имаше свој коментар.

Во изминатите денови се подготвувавме за Јунајтед, бевме свесни за бројките на пенали што овој тим ги добива во своја полза и знаев дека мораме да бидеме многу внимателни. Цела недела трениравме рацете да ни бидат зад грб во шеснаесетникот, знаев дека секој минимален контакт може да се окарактеризира како пенал. Џон Мос немаше добра прегледност, но го разбирам зошто покажа на белата точка. Нели имаме ВАР за да се решат ваквите проблеми, да се отстранат судиските грешки, во оваа ситуација ВАР-арбитрите целосно згрешија“, изјави Мурињо.

Пред крајот на мечот, уште една сомнителна ситуација, Мос повторно покажа на белата точка, Португалецот беше бесен, но за среќа овојпат одлуката беше променет од ВАР-собата.

„Мос ја утна работата при вториот пенал, најпрвин имаше фаул над Орие што не го санкционираше, а потоа додели непостоечки пенал за Манчестер. За среќа, овојпат луѓето од ВАР-собата добро си ја завршија работата“, прокоментира Португалецот.

Се вчитува...