Мурињо си најде изговор: Четири судии, а пак да не видат…

Тотенхем капитулираше во првото коло губејќи на домашен терен од Евертон, се почести се критиките кон Жозе Мурињо кон здодевниот фудбал што го игра неговиот тим, а „специјалниот“ по правило вината за неуспесите ја бара на друго место.

Така, овојпат тој бурно реагираше на судискиот превид, откако арбитрите не забележаа дека фудбалерите на Евертон умешно ја поместија топката неколку метри нанапред при слободниот удар од кој го постигнаа победничкиот гол.

„Не сакам да звучи како алиби, но да има четири судии, и ниту еден да не види како некој си игра со топката и ја носи напред… Навистина неверојатно“, изјави Мурињо по мечот.

Аналитичарите пресметаа дека гостите „украле“ шест метри при овој слободен удар, што се покажа како клучен момент на мечот. Сепак, Мурињо мора многу подлабоко да ја анализира играта на својот тим отколку да бара судиски грешки, доколку сака да најде излез од кризата на „спарси“.

Се вчитува...