Мурињо си најде нов играч за „војна“ во Тотенхем

Тотенхем ремизираше 1-1 против Барнли, продолжувајќи ја серијата слаби резултати во која тимот на Жозе Мурињо испадна од Норвич во ФА Купот, се наоѓа пред елиминација од ЛШ, а згора на тоа и загуби два важни натпревари во Премиер-лигата, од Челси и од Вулверхемптон.

„Специјалниот“ секогаш има играч со кого води војна во период на криза, по доаѓањето тоа беше Дени Роуз, а откако левиот бек во јануари замина во Њукасл, сега Мурињо почна јавно да го критикува Тангуј Ндомбеле. „Спарси“ платија 54 милиони фунти за да го доведат овој фудбалер од Лион, Ндомбеле имаше проблеми со повреди во последните месеци, а и на оние натпревари на кои настапи беше далеку од посакуваната форма.

Тој беше стартер на мечот со Барнли, но беше повлечен на паузата меѓу двете полувремиња заедно со младиот Скип.

„Во првото полувреме како да немавме среден ред, тоа многу ме разочара. Не го критикувам Скип, кој е млад и ќе напредува, но Ндомбеле имаше доволно време да се адаптира и да почне да игра како што се очекува од него. Фудбалер со неговиот потенцијал мора да дава повеќе за тимот од она што Ндомбеле ни го дава на нас. Мора да знае дека од него се очекува многу повеќе, јас не можам да продолжам да му давам шанси доколку тој продолжи со вакви партии“, критичен беше Мурињо.

Се вчитува...