Мурињо синоќа во живо го пратеше својот нов клуб?

Жозе Мурињо на крајот на минатата година доби отказ од Манчестер јунајтед по кој се уште е без ангажман. Во изминатиот период многу тимови се поврзуваа со Португалецот, но сепак ниту еден не успеа да го доведе искусниот стратег.

Синоќа, Мурињо беше „фатен“ на „Емирејтс“ каде Арсенал играше против Виторија Гимараеш. Англиските медиуми шпекулираат дека Мурињо по мечот се сретнал со еден од оперативците на Арсенал, Раул Санлехи кој своевремено беше дел и од Барселона. Се смета дека Мурињо би можел да го наследи Унаи Емери кој не е миленик на навивачите на Арсенал бидејќи и оваа сезона клубот од Лондон не ја стартуваше најдобро.

 

Се вчитува...