Мурињо со една реченица кажа се за Един Џеко

Рома на вториот тест дуел летово славеше против Тернана со 2-0, а прв натпревар одигра и Един Џеко кој во второто полувреме ја доби и капитенската игра откако од игра беше повлечен Манчини.

По мечот тренерот Жозе Мурињо акцентот го стави токму на Един Џеко.

„Џеко уште еднаш покажа колку е важен за овој тим како лидер и капитен. Продолжуваме кон следните предизвици“ – истакна Мурињо.

Ова е првпат Џеко да ја има капитенската лента уште од јануари кога му беше одземена од Пауло Фонсека поради меѓусебните несогласувања.

Сепак, босанскиот фудбалер се поврзува и со трансфер во Турција, па сите во Рим ја очекуваат неговата конечна одлука. Во случај на негово заминување Рома е подготвена да издвои 40 милиони евра за Мауро Икарди, напаѓачот на ПСЖ, кој би се вратил во Серија А.

Се вчитува...