Мурињо со нова понуда за Наинголан

Англискиот премиерлигаш Манчестер јунајтед е упорен во намерата да го ангажира Раџа Наинголан од редовите на Рома. Белгискиот интернационалец одигра одлична сезона во дресот на „волчицата“, а Жозе Мурињо би сакал да го доведе на „Олд трафорд“ и подготвен е да плати 50 милиони евра. Тој игра на картата да му понуди значително поголема годишна плата на Белгиецот, верувајќи дека тоа може да биде пресудно за Наинголан да се согласи за настап во Премиер – лигата.

Раководството на Манчестер јунајтед планира да му понуди четиригодишен договор на играчот за врска на Рома и годишна заработка од 7,5 милиони евра, речиси двојно повеќе од неговите сегашни примања во Рим. Но, и Рома, според најавите од италијанските медиуми, нема да се седи во скрстени раце и веќе работи на можноста за продожување на договорот со Наинголан. Клубот му нуди на Наинголан да остане на „Олимпико“ до 2021 година и да заработува 5 милиони евра по сезона.

„Сега сакам добро да се одморам, а потоа ќе размислувам за фудбалот“, изјави кусо Раџа Наинголан за белгиските медиуми.

Се вчитува...