Мурињо: Со одбранбен тренер му дадоа шест гола на Манчестер Јунајтед

Жозе Мурињо се врати на „Олд Трафорд“ и му нанесе историски тежок пораз на Манчестер Јунајтед. На прес – конференцијата се пошегува велејќи дека Тотенхем би постигнал и повеќе голови ако фудбалерите на клупата немале тренер со одбранбена стратегија.

„Замислете што би се случило да немаат одбранбен тренер. Тогаш би постигнале 10, 11, 12 гола“, се пошегува Мурињо. „Многу повеќе внимававме на нашата игра, силата и на квалитетот, а искрено многу малку за недостатоците на Јунајтед. Тој тим и нема недостатоци. Среќен сум што момците одиграа одлично, свесни се дека имаат квалитет, а сега и огромна самодоверба“, изјави менаџерот на Тотенхем.

Жозе Мурињо пред 22 месеци заработи отказ од Манчестер Јунајтед.

 

Се вчитува...