Унаи Емери денеска заработи отказ од местото менаџер на Арсенал, а околу неговиот прекин на соработката со клубот од Лондон, коменираше и Жозе Мурињо кој сега е тренер на најголемиот ривал на „топчиите“ Тотенхем.
“Немам посебен коментар. Некој друг голем клуб ќе сака да го доведе и неговата кариера ќе се врати на прав пат. Знаете како се вика „Но драмас ми амиго“, продолжи да работиш и ќе пронајдеш нов клуб“, изјави Мурињо.
Во периодот додека се најде нов тренер, Арсенал ќе го води легендата на клубот Фреди Љунберг.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА