Мурињо: Трансферот на Кристијано во Јунајтед е совршенство

Летниот трансфер рок во 2021 година ќе биде забележан во историјата на фудбалот како преоден рок во која најголемите фудбалери на денешницата, Лео Меси и Кристијано Роналдо ги променија клупските бои. Меси заврши во ПСЖ, додека Манчестер Јунајтед ја врати легендата на „Олд Трафорд“.

Роналдо повторно ќе го облече дресот на „црвените ѓаволи“, а тоа наиде на интересни полемики во јавноста. Еден од оние кои го коментираше трансферот беше Жозе Мурињо.

„Единствено нешто што можам да кажам, а ми делува логично, тоа е доколку Јувентус е среќен, доколку Кристијано и Јунајтед се среќни, тогаш тоа е совршен бизнис. Мислам дека нема потреба да говориме за Кристијано. Како да коментирам човек кој игра, победува, дава голови и ја испишува фудбалската историја веќе 20 години“, вели португалскиот стратег.

Се вчитува...