Мурињо: Успехот на Хрватска е силен поттик за помалите фудбалски земји

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо од еден малку поинаков агол се осврнува на игрите и пласманот на Хрватска во финалето на Светското првенство во Русија.

Мурињо потенцира дека овие резултати на Хрватска се силен поттик за помалите фудбалски земји…

„Ова е навистина големо постигнување за земја во која првенството е на ниско ниво, а поголемиот дел фудбалери играат во странство. Затоа за сите нив, кои работат далеку од својата земја, ова е нешто посебно“ – вели Мурињо и дополнува:

„Ова е силен поттик и за сите помали фудбалски земји… Сите мора да разберат дека фудбалот сега не е само на оние земји каде се играат најсилните шампионати. Напротив, Германија, Шпанија испаднаа во рана фаза, а едни Италија или Холандија и воопшто ги нема на првенството. Сето тоа доволно зборува дека силен фудбалски потенцијал лежи во помалите европски земји, но тој мора исправно да се негува за да се дојде на ова ниво на кое сега се Хрватите“.

Се вчитува...