Мурињо: ВАР ја убива Премиер-лигата, најдоброто натпреварување во светот

Менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо го коментираше исклучувањето на Сон на мечот со Челси, велејќи дека не е голем поддржувач на ВАР технологијата.

Главниот судија на мечот, Ентони Тејлор не виде никаков фаул, но по проверката со ВАР Пол Трни се одлучи на Сон да му се додели црвен картон .

„Ситуацијата со Сон, мислам дека господинот Трни погреши. Одлуката е погрешна и тоа во Англија, во Премиер-лигата, во најдобрата лига на светот. Со ВАР едноставно ја убиваме најдобрата лига во светот“, изјави Мурињо. 

Неговиот тим загуби во дербито на колото против Челси со 0-2 и го загуби чекорот од местата кои следната сезона водат во Лигата на шампионите.

Се вчитува...