Мурињо во Ренџерс пронајде нов лев бек

Англискиот премиерлигаш Тотенхем подготвен е да плати 25 милиони евра за фудбалерот на Глазгов Ренџерс, Борна Баришиќ. Левиот бек сезонава игра одлично, а е голема желба на Жозе Мурињо на кој му треба фудбалер на оваа позиција. Покрај Тотенхем наводно за неговите услуги е заинтересирана и Рома, но наводно тимот од Лондон е во пол позиција за неговиот потпис.

Кога е во прашање во Тотенхем на левата бековска позиција постојат големи проблеми. На располагање на Мурињо е само Сесењон кој дефанзивно е слаб, а негова замена е Јан Вертонген кој бековската позиција не му е природна позиција.

Роуз е на позајмица во Њукасл бидејќи не е во плановите на Жозе Мурињо.

Се вчитува...