Португалскиот стручњак, Жозе Мурињо, продолжува и понатаму да биде еден од најозборуваните тренери во Англија и Европа. Овојпат, „Специјалниот“ приредил „лудо“ изненадување за еден од своите фудбалери, а подарокот бил наменет за Божиќ.
Во Лондон, еден од неговите омилени играчи е Серхио Регуилон. Жозе се обидува на секој начин да му помогне на шпанскиот фудбалер за што е можно повеќе да се прилагоди на животот во Англија. Имено, Португалецот пред месец дена го почасти со 500 фунти за шунка, а овој пат му подарил печено прасе за Божиќ.
“Можам да кажам илјада анегдоти за Мурињо. Последната беше за Божиќ. Тој знаеше дека сум сам дома, имавме тренинг и после кога заминав во соблекувална најдов кутија во мојот орман. Ја отворив и видов дека има печено прасе. Мурињо ми напиша: Знам дека си сам за Божиќ, затоа не мора да подготвуваш храна, сега имаш спедијалитет со кој можеш да одмораш и уживаш. Ова се детали што луѓето не ги гледаат, но за еден фудбалер се многу важни”, рече Регуилон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА