Мурињо за Мхитаријан: Кој „исчезнува“ од терен, исчезнува и од мојот список

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо, отворено проговори за незадоволството од последните настапи на Хенрик Мхитаријан, што придонесе ерменскиот ас да не се најде ниту меѓу резервите на дуелот против Њукасл. Мурињо уште при тој меч истакна дека Мхитаријан не е повреден, а на прес-конференцијата пред денешниот дуел со Брајтон „специјалниот“ издвои триесетина секунди за остро да го нападне својот фудбалер.

„Тој почна добро сезонава, но како што минуваше времето така и неговата форма паѓаше. Не говориме за еден или два меча, туку за подолга серија слаби натпревари на кои тој „исчезнуваше“ од теренот, како воопшто да не играше. Ако исчезнуваш од терен, тогаш ќе исчезнеш од мојот список, тоа правило не е само за Мхитаријан туку за сите фудбалери со кои сум работел. Сите работат напорно за да добијат шанса, јас решив да им дадам шанса на останатите играчи кои даваат многу повеќе на теренот“ – изјави Мурињо.

Се вчитува...