Мурињо за повредата на Кејн – Што мислите дека сега ќе почнам да плачам?

Менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо некое време нема да може да смета на услугите на првата ѕвезда, Хари Кејн.

Напаѓачот на тимот од Лондон се повреди на мечот против Саутемптон поради што некој период ќе мора да биде надвор од терените.

„Знам дека нема да можам да сметам на него некој период. Меѓутоа, нема поради тоа да плачам пред вас. Сите знаат што значи Кејн за овој тим, но мораме да одиме понатаму“, изјави Мурињо. 

Тотенхем викендов ги очекува натпреварот од ФА купот против екипата на Миделзборо.

Се вчитува...