Мурињо ѕиркаше во противничката тактика, па доби жолт картон (видео)

На Жозе Мурињо веќе му стана јасно дека ќе биде исклучително тешко да најде излез од крзата на Тотенхем, но Португалецот се надмина со своето однесување на денешното гостување на Саутемптон.

Неговите фудбалери се мачеа на теренот, па Мурињо тргна пред противничката клупа, во обид да „ѕирне“ во тактиката на домашниот стратег. По реакцијата од таборот на Саутемптон Мурињо доби жолт картон од судијата, а „специјалниот“ по натпреварот даде и изјава за целата случка.

„Жолтиот картон беше заслужен бидејќи се однесував некултурно. Бев груб кон идиот“ – изјави Мурињо.

Се вчитува...