Мурињо знае како да стигне до финалето: Глава, а не емоции!

Тренерот на Рома, Жозе Мурињо беше задоволен по ремито кај Лестер во првиот натпревар од полуфиналето на Конференциската лига.

Римјаните водеа на „Островот“ со голот на Лоренцо Пелегрини, но англискиот тим успеа да израмни со автоголот на Џанлука Манчини во средината на вториот дел.

„Изгубивме премногу топки, во некои ситуации не бевме добри. Кога енергијата беше на високо ниво, го притискавме противникот како што сакавме. Кога ситуацијата беше спротивна, беше тешко да се игра, особено во вториот дел. Но, да им кажевме на навивачите пред неколку дена дека одлуката за пласман во финалето ќе биде донесена на „Олимпико“, сите однапред ќе прифатеа“, изјави Мурињо.

„Специјалниот“ истакна дека емоциите во овој момент не треба да го надвладеат клубот.

„Сакаме да бидеме сигурни дека ќе играме во Лига Европа без да ја чекаме победата во Конференциската лига. Лестер е квалитетен тим уште од времето на Раниери. Имаат клупа која овозможува многу промени. Ќе мора да играме повеќе со главите отколку со емоциите, бидејќи ако победиме, сме во финале“, потенцираше Португалецот.

Реваншот мечот со Лестер е заканажан за 5 мај во Рим.

Се вчитува...